Заев: Протоколот за НАТО ќе се ратификува пред распуштање на парламентот

Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев денеска во Волково изјави дека Протоколот за членство во НАТО ќе биде ратификуван пред распуштање на Собранието. Тој потсети дека предлогот го доставува Владата, а не Собранието. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ратификуивање на договорот за членство во НАТО пред да се распушти парламентот, за Заев е партиски маркетинг, потсетувајќи дека во изминатиот период „најголемата опозициона партија со својата политика го кочеше интегрирањето на земјава во НАТО“.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија”, до Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива до Владата, со барање, во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО).

– Сакаме да ја информираме јавноста дека ваквата постапка е пракса која што во Северно-атланската Алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна во мај 2017 година – посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Заев, во Црна Гора тоа не било случај.

– Нема таква пракса, јавете се во Црна Гора, ќе ви кажат дека тоа не е точно. Не знам од каде ви се овие информации. Тие тогаш, ратификуваа последни – рече Заев.

– Ние, од тоа што го добивме како информација очекуваме во јануари парламентот на Шпанија да заврши со ратификација на Протоколот, за да можеме и ние најдоцна до 11 февруари да ја направиме ратификацијата. Евентуалното одложување од Шпанија, кое што не верувам дека ќе се случи, ја дава можноста ние да направиме условна ратификација, која што би била објавена од претседателот на државата, во Служен весник, веднаш по објавувањето на ратификацијата од шпанскиот парламент – додаде премиерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот