Заев преку телефон му се заблагодарил на Столтенберг за поддршката

Премиерот Зоран Заев телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтеберг. Тие ги размениле мислењата за одлуката на Советот на Европската Унија да го одложи стартот за преговори на Македонија за членство во Унијата. Од Владата информираат дека Заев на Столтенберг му го пренел расположението на граѓаните на земјата од историската грешка на ЕУ да не ги одобри очекуваните преговори за пристапување во полноправно членство како разочарувачко и фрустрирачко, наспроти фактот дека земјава ги исполни сите услови.

– Тоа не треба и нема да влијае и на остварувањето на втората од двете најголеми стратешки цели на државата – членството во ЕУ и од спроведувањето на реформите до крај за да ги имплементираме европските вредности во сите наши институции, во сите пори на нашето живеење – истакнал Заев во разговорот со Столтенберг.

Заев на Столтенберг му се заблагодарил за поддршката на НАТО во евроатлантските интеграции и рекол дека земјава останува посветена на заокружувањето на процесот за полноправно членство во алијансата, како нејзин стратегиски и суверен избор да биде следната, 30 земја членка.

Премиерот го информирал генералниот секретар на НАТО за резултатите од лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски и за заеднички договорениот датум за избори – 12 април 2020 година.

Претходно, Столтенберг на „Твитер“ напиша дека процесот на ратификација е на добар пат и оти очекува земјава наскоро да се придружи во Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот