Заев: Предлогот за државјанствата што го добивме не е она што го договаравме со Села и Гаши

Зоран Заев и Африм Гаши / Фото: Слободен печат, Архива
Зоран Заев и Африм Гаши / Фото: Слободен печат, Архива

Премиерот Зоран Заев не е задоволен од она што го добил како предлог-решение за законот за државјанство од Алијанса/Алтернатива.

Не е она што го договаравме, рече денеска Заев и најави нова средба со министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, министерот за земјоделство за да се прецизира и да се пушти во парламентарна процедура. Но, уверен е дека договор ќе се постигне.

На вчерашите забелешки од претседателот на Собранието Талат Џафери дека и покрај лидерските средби, 28 закони и натаму се блокирани, Заев рече дека тие како Влада направиле сериозни отстапки – за пописот, изборното законодавство, делот за гласање со отпечаток од прст, промени во важењето за законски решенија, како она за пензионирање, постигнат е договор за законот за бесправни градби и дека сега на ред е опозицијата.

Ги повика претседателите на собраниските комисии од опозицијата да ги започнат расправите и да се одблокира работата.

Она што допрва ќе се договора со опозицијата се законот за АВМУ и за Клиничкиот центар.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера рече дека 28 законски решенија и натаму се блокирани со амандмани, за разлика од претходно кога биле 37.

Најмногу амандмани – 2.697 има поднесено Алијанса/Алтернатива на законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот