Заев: Пред судот како странки во постапката подеднакви се и одбраната и обвинителството

фото: МИА

Премиерот Зоран Заев денеска апелираше да има соработка и меѓусебна почит на сите чинители во правосудните постапки, притоа порачувајќи дека и одбраната и обвинителството како странки во постапката се подеднакви пред судот.

Одговарајќи на новинарски прашања за актуелните случувања во правосудството, Заев повтори дека она што го очекува се ефикасни и транспаретни постапки.

– Граѓаните сакаат резултати. Кога има нетрпение меѓу судот и обвинителството, тоа граѓаните непријатно го доживуваат и затоа реагираат. Апелирам да има соработка. Подеднакво пред судот како странки во постапката се и одбраната и обвинителството. Треба да се знаат истанците кој како е поставен во општеството, но секако да се има и меѓусебна почит за работата на секој од чинителите во правосудните постапки – порача Заев по средбата со претставници на Европската конфедерација на сидникати и на ССМ.

Додаде дека она на што ќе останат посветени ќе биде зајакнувањето на правосудството, неговата независност, ефикасност и транспаретност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот