Заев: Пред локалните избори ќе бидат заокружени препораките на ОБСЕ-ОДИХР и се што се однесува на нив

Фото: youtube/printscreen

Премиерот Зоран Заев е уверен дека до октомври ќе бидат усвоени препораките од ОБСЕ-ОДИХР и се друго што се однесува на локалните избори, а се надева дека ќе биде постигнат и некаков договор за изборен модел за парламентарните.

Има доволно време, изборите се втора половина на октомври, но, час поскоро треба да ги заокружиме препораките ОБСЕ-ОДИХР и се што се однесува на локалните избори,  а се надевам дека ќе се најде решение и за изборниот модел за следните редовни парламентарни избори, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почнат да се интензивираат преговорите на работните групи за другите најавени измени на изборниот законик и изборниот модел и кога ќе има конкретни одлуки од тие преговори.

Тој додаде дека работните групи што разговараат за изборниот законик ги координира министерот за правда Бојан Маричиќ. Притоа Заев апелираше, согласно состојбата и пандемијата, состаноците, ако е можно да се одржуваат онлајн.

-Јас лично апелирам овие состаноци каде може да се заврши онлајн, со видео состаноци и конференции тоа да се направи, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот