20.8 C
Скопје

Заев: Правевме сѐ за час поскоро да ги обезбедиме вакцините

Во времето кога имавме сериозен предизвик од целата наша јавност, вклучително и опозицијата, но и сите други во државата, правевме напори на сите страни да обезбедиме вакцини. Со десетици фирми е разговарано. Плаќани се авансни гаранции. Авансот со кој во обезбедување на вакцината на „Синофарм” прво се обидовме, секако дека е вратен, а деталите за тоа може да ги даде министерот за здравство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинатско прашање за обвинувањата од опозцијата околу набавката на кинеските вакцини и враќањето на авансот што бил уплатен.

Верувам, посочи премиерот, дека постои постапка за декласификација на сите документи, и тоа треба да го знаат граѓаните.

– Цените се познати за сите во светот кои ги набавуваат вакцините, сите останати држави на европскиот континент и во соседството и во светот. Тие се истите цени и кај нас. Ако постои механизам за декласификација ние ќе го направиме тоа како Влада односно соодветните институции за да може министерот за здравство да ги објави сите детали. Имавме напори одредени аванси да се платат да се изгарантираат комплетно, но во меѓународното плаќање сето тоа се знае како се регулира. Ако се испорачаат нарачките, тогаш и плаќањето се спроведува. Тоа е само по себе доказ дека сме правеле сѐ за час поскоро да ги набавиме вакцините, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски” во Скопје.

Потенцира дека може апсолутно да потврди дека одлуките не ги носи ниту правниот сектор на министерот Филипче, ниту министерот Филипче, ниту Заев, ги носи Владата согласно сите информации кои стојат на располагање, согласно соодветните моменти на набавки на вакцините.

– Верувам дека есенскиот период ќе имаме дури и поевтини цени на вакцините, затоа што ќе има уште поголема продукција на вакцините, но се досега што е набавено е во корелација или еднакво со сите други набавки на другите земји околу нас или во Европа, додаде Заев пред СЦ „Борис Трајковски” каде што се вакцинираше против ковид-19 со вакцина од кинескиот производител „Синофарм”.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар