Заев поздравен со аплауз од пратениците во чешкиот Парламент

Парламентот на Република Чешка, гласаше „за“ и го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија, во НАТО.

По гласањето, пратениците во Чешкиот Парламент го поздравија со аплауз премиерот Зоран Заев, кој ратификацијата ја набљудуваше од галеријата.

Премиерот Заев денеска е во Прага, на Самитот на премиери на земјите од Вишеградската група и на државите од Западен Балкан, каде е оддадено признание за постигнувањата и заслугите за напредокот на нашата земја. Вишеградската група усвои Декларација преку којашто ја повикува ЕУ, на октомвриската сесија на Советот за општи работи да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Македонија и со Албанија.

Чешка е 22 земја членка на НАТО која го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.

До крајот на годината уште 7 земји членки треба да го сторат тоа, по што се очекува нашата земја наскоро да стане 30 членка на НАТО алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот