Заев: Посветени сме на применливи европски и светски практики и во сметководителството

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претставници на Сојузот на стопански комори и од Комората на сметководители, со Драган Митковски, потпретседател на Сојузот на Стопански комори и претседател на Комората на сметководители и Александар Милошев, потпретседател на Сојузот.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се разговарало за предвидените измени на Законот за вршење сметководствени работи, со цел поефикасно регулирање на сметководствената дејност и подигнување на кредибилитетот на Институтот за сметководители и овластени сметководители.

На средбата била изразена заедничка определба за решавање на прашањата од интерес на сметководителите и овозможување транспарентно и одговорно работење.

– Ова е време на прогрес и како Влада цврсто сме посветени на применливи европски и светски практики што значат развој во сите области, вклучително и во областа на сметководителската професија – посочил премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот