Заев: Пописот го одложивме оти така бараа Мицкоски и опозицијата, ќе се преброиме во април во 2021 година

Фото: МИА

Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа, вели ремиерот Зоран Заев во постот на неговиот Фејсбук-профил во кој додава дека април во 2021 година е новиот термин за пребројување на населението.

Според него, пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично. Одговорност да се излезе на попис има секој граѓанин, смета премиерот.

– Пописот треба да се спроведе поради рамномерниот развој, поради економските параметри, поради статистиките што ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот, истакнува Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот