Заев: Појавувањето на Мијалков не треба да биде олеснителна околност за Обвинителството и за Судот

Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција, се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор, рече премиерот Зоран Заев вечерва пред Владата.

Тој потенцира дека брзата мобилизација на сите институции елиминира секакви можности тој да ја напушти државата и дека за овој успех дадоа придонес и за надлежните министерства, институции, судот, Обвинителството и како резултат на тоа се избегнати нови потенцијални ризици.

Порача дека неговото појавување не треба да се смета за олеснителна околност за Обвинителсвото и за Судот, ниту за овој, ниту за друг случај, затоа што не треба да се заборави дека тој не беше достапен до правосудните органи и полицијата.

Најави доследно испитување на одговорноста и потенцира дека правдата е обезбедена и дека ќе ја има почесто и ќе следува ваков одговор на институциите.

– Јас Зоран Заев ве гледам во очи и ви кажуам дека компромис за правда нема и нема да има, порача премиерот пред медиумите.

Мијалков, кој е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“ денеска попладе сам се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и при тоа му беше врачено решение за определена мерка куќен притвор.

– Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, наведоа во соопштение од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот