Заев: Подготвени да ја исполниме нашата ЕУ агенда, нема да дозволиме причини за нови одлагања (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев одржа прес-конференција за медиумите откако денеска имаше онлајн состаноци со челниците на ЕУ.

Првата меѓувладина онлајн конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион, истакна премиерот Зоран Заев.

Изразивме надеж дека оваа подготвеност на Северна Македонија, рече Заев, ќе се формализира и со освојување на рамката на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

– Одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ ќе испрати позитивен сигнал и до регионот и ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан како гео-стратешки интерес на Европската унија, потенцираше премиерот Заев.

ЕУ е силно определна ништо да не го попречи процесот на проширувањето, потенцираше  премиерот Заев.

-Заклучивме дека е вложено многу од двете страни, остварено е многу и сме подготвени да ја исполниме нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања, затоа што членството во ЕУ е наша свечена обврска во име на иднината на државата и граѓаните. Нашата земја останува посветена на негување на добрососедските односи, со континуирана имплементација на Договорот од Преспа и на Договорот на пријателство и добрососедство со Бугарија, кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот за проширувањето на Европската унија со земјите од регионот- рече Заев.

Признанието во Извештајот на ЕК, рече тој, го оценивме како особено значајно за постигнатиот напредок во реформите, особено во клучните области – судството и борбата против корупцијата.

– Извештајот за Северна Македонија е објективна и сеопфатна проценка на вкупното ниво на усогласенолст на националното законодавство во правото на ЕУ. Укажувањето на областите за кое е потребно дополнително усогласување за владата се силен мотив. Препораките да се преточат во нашата агенда за континуитет на реформиет, изјави Заев.

Соговорниците, рече Заев, очекуваат во претстојниот период да се завршат сите подготовки и усогласувања за да се одржи Првата меѓувладина конференција што ќе го означи почетокот на затворањето на поглавјата за нашето членство во ЕУ, како прв чекор за градење на нашата заедничка иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот