Заев побара од Меркел поддршка за отворање на пристапните преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел побарал поддршка во врска со одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија која треба да ја донесе Советот на ЕУ во јуни, со оглед на тоа дека државата има статус на земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, го склучи Договорот од Преспа и постигна резултати во поглед на реформските процеси.

-Време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори. Оваа одлука ќе претставува дополнително охрабрување за да се продолжи со реформите во Северна Македонија, посочил Заев во вчерашниот телефонски разговор со Меркел.

Двајцата соговорници, како што соопшти владината прес-служба, констатирале дека спроведувањето на Договорот од Преспа е добра вест за Европа.

Прочитајте и...  Спасовски ќе ја предводи делегацијата на Самитот на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Во разговорот било потврдено дека посетата на Северна Македонија што ја оствари грчкиот премиер Ципрас на 2-ри април, како и заедничката владина седница, се историски момент.

Позитивниот развој на односите меѓу Северна Македонија и Грција, како што посочиле, е позитивен пример за регионот на Западен Балкан и тоа се добри вести за Европа.

-Спроведувањето на Договорот од Преспа потврдува дека дијалогот и дипломатијата креираат позитивни резултати за надминување на отворените прашања и може да донесат директна економска корист за граѓаните, заклучиле соговорниците.

Премиерот Заев ја информирал Меркел дека владите на Северна Македонија и Грција потпишаа неколку договори за зацврстување и развој на соработката, како и за бизнис форумот во Скопје на кој присуствуваа повеќе од 140 компании од Грција и 250 компании од Северна Македонија.

Прочитајте и...  Три лица загинаа при експлозија на плинска боца во Романовце

Во телефонскиот разговор, Заев ја информирал Меркел и за други политички настани во државата, како што е одржувањето на отворен дијалог со опозицијата во врска со реформите, каде се постигнати конкретни резултати со усвојувањето на нов закон за антидискриминација, формирањето на Антикорупциска комисија, како и реформи во безбедносните служби и јавната администрација. Притоа станало збор и за дијалогот во врска со иднината на Специјалното јавно обвинителство што сѐ уште е во тек.

Премиерот Заев ѝ се заблагодарил на канцеларката Меркел за поддршката што Германија ја даваше во сите процеси, вклучително и надминувањето на спорот за името со соседна Грција, внатрешните реформи, а особено за економскиот советник што Германија го обезбеди со цел да ѝ помага на Владата на Северна Македонија.

Прочитајте и...  Жената и детето кои беа повредени по денешната експлозија во Романовце се во критична состојба

Германија, како што е наведено во соопштението, е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, а интересот на германските инвеститори е сѐ поголем. Покрај тоа, во земјата се спроведува модел за дуално образование со помош на германски партнери.

Канцеларката Меркел го поздравила позитивниот развој на спроведувањето на Договорот од Преспа, како и спроведувањето на домашните реформи преку отворен дијалог со опозицијата, што, според неа, ќе донесе конкретни и позитивни резултати.

Прочитај повеќе

Трамп: Гренел ќе остане задолжен за дијалогот меѓу Белград и Приштина бидејќи е многу добар во таа работа

Слободен печат

Албанската опозиција го поддржува протестот на Мета

Слободен печат

Убиен лидерот на Ал Каеда во Јемен

Слободен печат

Уапсени се двајца скопјани при заплена на 12 килограми хероин на влез во Црна Гора (ФОТО)

Слободен печат

Мета: Одбраната на Уставниот суд е црвена линија на секој чесен и одговорен Албанец

Слободен печат

Израел убиле Палестинец, по што следела одмазда од 20 ракети

Слободен печат

Остави Коментар

1 + 15 =

Прочитај повеќе

Стапува во сила забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Северна македонија и Бугарија

Слободен печат

СЗС: Вучиќ повторно го потврди неуспехот на својата политика на Косово

Слободен печат

Што претставува „плус, плус“ планот на Ахтисари?

Слободен печат

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце

Слободен печат

Асанж и претставници на американската Влада утре ќе се соочат во лондонскиот суд

Слободен печат