Заев: По реакциите од граѓаните, веднаш реагиравме за законот за јавни собири

Фото: Слободен печат

Предлог законот за јавни собири што денеска беше на дневен ред на владина седница е повлечен поради ракциите на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на Буџетот за 2020 година, рече дека ги слушнале реакциите на граѓаните и дека веднаш реагирале.

– Ги слушнавме реакциите на граѓаните и веднаш реагиравме. Ќе ги слушнеме граѓаните, невладиниот сектор, ќе видиме како демократиите го  прават тоа. Веднаш на седница на која почна денеска се носи само буџетеот и донесовме одлука веднаш и го повлековме законот- изјави премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот