Заев-Пленковиќ: Успехот на Македонија е одраз на реформите

Премиерот Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70-годишнината од постоењето на Алијансата оствари средба и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

На средбата двајцата премиери се согласија дека успехот на Северна Македонија во процесот за пристапување кон полноправно членство во НАТО е израз на спроведувањето на реформите и на успешното решавање на сите билатерални прашања, а членството во Алијансата доаѓа како потврда на исправноста на овие политики, соопшти владината прес-служба.

Премиер Пленковиќ на средбата ја потврди силната поддршка од Хрватска за Северна Македонија и дека двете земји сега имаат уште една заедничка точка која ги поврзува и ги охрабрува за продлабочување на пријателските односи со сојузништвото во НАТО.

На средбата заеднички е констатирано дека позитивниот момент е одлична мотивација за исправање на грешката на ЕУ кога на последниот самит на Европскиот Совет не беше одобрено стартувањето на преговори со Северна Македонија и дека во претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, треба да се создадат сите неопходности Северна Македонија да го започне и овој процес.

На средбата, беше истакнатно дека силниот мотив за продолжување на реформите во земјата и комплетирањето на евро-атлантските аспирации на Северна Македонија е од посебно значење и за одржливиот мир и стабилност на регионот, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот