Заев патува за Брисел, ќе лобира до крај

Премиерот Зоран Заев утре ќе отпатува за Брисел, во последен обид да излобира датум за почеток на преговори со Европската Унија. Заев најави дека ќе ги искористи сите средби со премиерите за да ги убеди во носењето на одлуката. Тој верува дека конечниот став ќе го даде Европскиот совет.

–  Денеска заминувам за Австрија, заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев, имам состаноци со стопанствениците. Од Австрија заминувам за Брисел. На 17 октомври наутро или пред Европскиот совет состанок имаат Европската народна партија (ЕПП), исто и Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Тука се сите премиери, ќе ја искористиме можноста да разговараме со сите премиери, тоа е последно пред одлуката, за на крајот навистина да ја утврдиме таа одлука – вели Заев.

Премиерот во изјавата на иста линија со претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Не постои земја, барем според нашите анализи во последните 20 години, која чекала и добила ваква одлука за почеток на преговорите, а направила повеќе од нас. Направивме повеќе за реформите, направивме повеќе на меѓународен план, билатерален план, од секој можен аспект навистина сме пример и за Европа и за светот – вели Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот