Заев: Парламентарни избори на 12 април

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба што се одржа во вила Водно на барање на претседателот на Македонија Стево Пендаровски изјави дека вонредни избори ќе се одржат на 12 април.

– Верувам дека на 12 април граѓаните ќе донесат вистинска одлука – рече Заев

Покрај тоа, премиерот изјави дека 100 дена пред датумот за вонредни парламентарни избори државата ќе има техничка влада, односно од 3 јануари, а пописот може да се заврши после изборите.

Заев додаде дека за СДСМ е прифатлива една изборна единица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот