Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со години сум покровител на оваа конференција за македонскиот јазик и голема чест ми е што повторно сум овде и во овие пандемиски услови, изјави Заев на Меѓународната научна коференција „Македонскиот јазик – Извор на научни истражувања“.

– Годинава одбележуваме 75 години од создавањето на македонскиот јазик и правопис. Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик – изјави Заев во своето обраќање на конференцијата за македонскиот јазик.

– Нашиот јазик е наш идентитет. Продолжуваме со законски решенија за заштита на нашиот јазик и издавање голем број на книжевни дела за унапредување на јазикот. Тие дела помагаат да се продолжува животот на јазикот. Сѐ дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците. Тие две нешта неможат едно без друго. Да го чуваме и негуваме македонскиот јазик бидејќи тој е нашата татковина – изјави Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот