Заев: Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членким напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме. Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз. Оваа историска вест во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава- напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот