Заев: Осуда за поведението на навивачката група со кое се предизвикува омраза и раздор

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата на денешната седница најостро го осуди вчерашното поведение на навивачката група на плоштадот „Македоноја“ во Скопје со кое, како што стои во соопштението, се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа. Од Јавното обвинителство, во истовреме, е побарано да делува во рамки на своите надлежности и да постапи во врска со овој случај.

– На денешната владина седница, меѓу другото, дискутиравме и за последниот инцидент со говор на омраза што беше предизвикан од навивачка група на плоштадот „Македонија” во Скопје, при што Владата донесе заклучок со кој најостро се осудува таквото поведение со кое се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа. Владата беше информирана дека МВР презема соодветни активности за расчистување на делото, за што соодветно ќе ја информира јавноста. Го повикуваме Јавното обвинителство проактивно да делува во рамките на своите надлежности и да постапи за вчерашниот случај на говор на омраза на плоштадот, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил

Апелираме, додава Заев, и до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување на пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, на национална и на верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик.

– Институциите не смеат да толерираат никакво поттикнување омраза и насилство по основа на расна, национална, полова, сексуална, верска или било каква друга припадност. Ние сме современо општество, еднакво општество на сите граѓани. Нашиот пат е напред, а не назад, напиша премиерот Заев на ФБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот