Заев: Оптимист сум за законот за ЈО

Премиерот Зоран Заев денеска во Куманово, изјави дека е охрабрен од вчерашните преговори на работните групи за законот за јавно обвинителство, додавајќи дека се заокружени две работи и оти е закажана следната средба на која ќе се расправа за останатите отворени прашања меѓу кои и за прв човек на обвинителството.

Ќе сториме се да можеме да изградиме консензус. Секако паралелените пораки кои стигаат од страна од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека џабе е што работат работните групи кога на крајот нема да има гласање, ако нема предвремени избори, нас нема да не обесхрабри да продолжиме да работиме да ги приближиме ставовите преку работните групи, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања при пуштање во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Заев нагласи дека останува и понатаму оптимист, а ако опозицијата сака предвремени избори, тие можат да бидат одржани во октормври 2020 година.

Тој додаде дека е  ова е период  на одмори и генерално работните групи можат  да работат додека Паралементот не се врати на 26 август, кога правно формално може да се предложи конечното законско решение.

Уште еднаш напоменувам црвените линии немаме право и недозволиво е никој да ги помине, а тоа е гаранација за иднината на предметите, за иднината на СЈО, за структурите или меѓународните стандарди на јавно-обвинителскиот систем кои се вградени во самиот закон и верувам дека тоа така и ќе останае, изјави Заев.

Тој нагласи дека   политичарите треба да ги избегнат сите можности за избор на кадровски решенија во правосудството, бидејќи остава лош впечаток кога ќе седнат власт и опозиција, сите заедно да бираат судија, обвинител, шеф на судство, шеф на обвинителство или слично.

Решението  според премиерот е „елегантно” и дава можност тие прашања да се решаваат без да има потреба од вмешување на политичарите. На тој начин, нагласи Заев, се остава независното правосудство да јакне, во својата независност, транспратентност, одговорност и отченост пред граѓаните и да дели еднаква правда за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот