Заев оптимист: По 30 години ќе успее проектот „Чебрен“ вреден до 800 милиони евра

Премиерот Зоран Заев, во вечерниот дел од дебатата на собраниската седница за пратенички прашања, зборуваше за планот „Акција 21″ на Владата, со посебен акцент кон инвестициите во енергетиката.

– Една од точките на „Акција 21″, покрај животната средина, е енергетиката. Нашата земја станува раскрсница од позитивен аспект на интереси на инвеститори, пред сѐ, од западниот свет, пред сѐ мислам на Америка и на Германија и нивни сојузници како Катар со течен гас, поттикнати од изградбата на интерконекторот со Грција, но и со интерконекторот со Косово и со Србија, како и вториот интерконектор што има проектна документација меѓу Бугарија и Северна Македонија. Стануваме важна трансверзала во делот на енергетските инвестиции, рече Заев.

Тоа, додаде тој, предизвика внимание од Владата да развие неколку проекти, пред сѐ законска и правна регулатива за брзо привлекување и брзо инвестирање во вакви енергетски објекти.

– Најмногу мислам на фотоволтаиците и фотонапонските централи, на ветерниците, на гасни централни, на биомаса, сѐ со конечна цел да создадеме продукција во стотици и стотици мегавати што ќе ги заменат, би ги кажал 600 мегавати во РЕК Битола и 120 во Осломеј, објасни премиерот Заев.

„Чебрен“, вели тој, е најголемиот проект. Триесет години, посочи, државата на него има 11 пати неуспешност во обидите за спроведување.

– Мина првата фаза на селекција од понудите за „Чебрен“. Десет компании беа понудени, девет ја минаа првата фаза со нивната капацитетност и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мегавати. Дополнително, во моментот, во нашата држава се градат 72,5 мегавати, 10 мегавати гради ЕСМ во Осломеј, 62,5 се по пат на премии. Неколку веќе пуштивме во употреба и се градат ширум државата. Дел се наоѓаат на државно земјиште, дел на приватно. Оди вториот дел од постапката за 100 мегавати во Осломеј каде што државата бара најмалку 10 отсто за државата и по пат на позитивна лицитација кој ќе даде повеќе ќе ги добие можностите да биде коинвеститор во овие фотоволтаици, соопшти Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот