Заев: Охридскиот рамковен договор придонесе за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ

фото Фејсбук

Охридскиот рамковен договор придонесе за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, соопшти премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев на својот фејсбук профил. 

Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници, како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Денеска одржавме свечена седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30 годишнината од независноста на нашата земја, со 80 годишнината од народното востание и 20 годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор кон Европската Унија.
Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.
Нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот