Заев одржа средба со египетскиот амбасадор на кого му завршува мандатот

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска се сретна со египетскиот амбасадор Моајад Фатхаллах ел – Далие, кој го завршува својот мандат.

На средбата, соопшти владината прес-служба, е констатирано дека нашата држава напредува по Договорот од Преспа и отворените интеграциски перспективи и со тоа отворени се можности за унапредување на билатералната соработката, посебно на економски план меѓу Арапска Република Египет и Македонија.

Разговарано е за иницијатива за трговски можности во областа на земјоделството, со оглед дека нашата држава има потенцијали во земјоделството, како и за можностите за охрабрување на египетски бизнисмени да инвестираат во нашата земја.

– Градиме пријателства со сите држави, а НАТО и ЕУ перспективите создадоа можности за поинтензивен развој на економските односи со државите во светот. Во очекување сме на историската одлука за шансата да почнеме преговори со ЕУ. Ги заокружуваме НАТО интеграциите кои значат стабилност. Поради сето ова, зголемен е интересот на странските инвеститори, кои со поволните бизнис услови што ги овозможува државава кон инвеститорите, гледаат перспективи за инвестирање овде. Се надеваме дека тие можности ќе ги препознаат и египетските компании, рече премиерот Заев.

Прочитајте и...  Нови 14 заболени во Јапонија од коронавирусот

На средбата се споделени искуства од Египет за развојот на туризмот и изградбата на современа инфраструктура, а разговарано е и за промовирањето на културните вредности.

Прочитај повеќе

Мета: Целта на владата на Рама е враќање на диктатурата

Слободен печат

Иранските власти затвораат училишта во два града за да спречат ширење на Ковид-19

Слободен печат

„Независне новине”: Најголем дел од кокаинот, вреден околу 50 милиони долари, требало да заврши во БиХ

Слободен печат

Деветто издание на конференцијата за социјален активизам „Engage”

Слободен печат

САД: Русија шири дезинформации за новиот коронавирус

Слободен печат

Даночна управа на Црна Гора: Митрополијата црногорско-приморска мора да плати долг

Слободен печат

Остави Коментар

три + 19 =

Прочитај повеќе

Пониски трошоци за компаниите: Кинеската централна банка воведува нов економски стимул

Слободен печат

Палмер: Сите кои ќе му се приклучат на Додик ризкуваат американски санкции

Слободен печат

Косовскиот вицепремиер Хоти нападнат со јајца

Слободен печат

Нови 14 заболени во Јапонија од коронавирусот

Слободен печат

Една картичка за цела Европа: Нова стратегија на ЕУ за интегриран пазар на плаќања

Слободен печат

Втор ден од Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice” (ГАЛЕРИЈА)

Слободен печат