Заев: Одлуките кој да биде директор се политички, но стручноста е основен услов

Градска општа болница 8ми Септевмри, Скопје /Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Политичка е одлуката кој ќе биде директор на здравствените установи, како и за сите други институции, но во основа, условот за избор е сепак експертизата и стручноста, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, лекарите можат да придонесат многу и со својот општествен ангажман, не само професиоанален. Затоа голем број од нив се на директорски позиции. Повеќето се поставуваат како вршители на должност заради транспарентните постапки, но потоа се дава можност на компетативна основа да се јавуваат сите.

Како што рече Заев, повеќе од 80 отсто од директорите во здравствените установи се со трајни решенија, а меѓу нив, освен лекари, има и економсити.

– Политички се поставуваат најголемиот дел од директорите и на здравстените институции зашто политичката одговорност граѓаните ја пренесуваат на политичарите и политичките партии и тие ја преземаат преку свои политичко-поставени раководни структури. Друго е што голем дел од директорите на здравстените институции се поставени на ексепртска база. Но, политичка е одлуката да биде тој, а не другиот, зашто веруваме дека правото да управуваме со институциите доаѓа со одговорноста на институциите. Наша желба е пред се лекари да ги водат здравстените институции и затоа најголем дел од директорите се лекари, иако има и економисти, објасни Заев.

Тој додаде и дека она што го зборуваме во суперлатив за нашите лекари важи и во делот на нивниот општествен ангажман, не само професиоанален. Тие се застапени во кандидатуртите за градоначалници, советници, пратеници, високи носители на извршната власт, па и на директорските позиции зашто имаат знаење, квалитет, општествено се одговорни и многу може да придонесат за системот на државата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот