9 C
Скопје

Заев одбива предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ смета дека четири години се премногу за актуелниот премиер

Откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, побара предвремено одржување парламентарни избори, премиерот и претседател на владејачката СДСМ Зоран Заев, остро реагираше дека конечно треба да се престане со барањата за предвремени избори бидејќи, како што рече, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија.

Заев вчера, одговарајќи на новинарско прашање околу барањата на Мицкоски, порача дека државата, има јасен правец по кој се движи, односно, како што рече, европеизацијата продолжува.

– Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме ваквите инвеститори да инвестираат во нови инвестиции, да отвораат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот продукт на државата, а со тоа и благосостојбата на целиот народ, рече премиерот.

Прочитајте и...  Србија ги олеснува мерките, од денеска се отвораат трговските центри

Секое предвремено истрчување на избори, според него, ги кочи таквите процеси.

– Затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, а дотогаш треба буквално сите, почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани, да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме голема плата, само така ќе има поголеми инвестиции, само така ќе има поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ, заклучи Заев.

Мицкоски деновиве повторно го актуелизира прашањето за предвремени парламентарни избори.

– Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економија, ние уназадуваме или сме на дното во регионот, изјави Мицкоски.

Прочитајте и...  Денеска се регистрирани 193 нови случаи на ковид-19, а починати се 34 лица

Според него, оваа Влада јасно покажала дека не знае како, нема вештини и нема план како да ја води државата.

-Поскоро треба да има предвремени парламентарни избори, ново, стабилно владино мнозинство кое со многу работа, бидејќи нема веднаш да дојдат придобивките преку ноќ. Треба многу работа, многу откажување, чесни луѓе и чесни политичари кои не се огрешени и зглавени во криминал за да можеме Македонија да ја извадеме на прав пат, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се можни предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вчера, околу изјавите за предвремени избори, нагласи дека премногу е да се остави Македонија уште четири години да биде „водена од најкоруптивниот режим предводен од Зоран Заев”.

Прочитајте и...  Проф. Трајковски: Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине и Белгија во бројот на починати?

– Четиригодишен период со најкриминалната, најкопрумираната односно најкорумпираниот режим предводен од Зоран Заев е преголем период за да се остави таква катастрофа за Македонија, потенцираше Стоилковски.

Поврзани вести

Фајон: Завршувањето на планот за мирно распаѓање на БиХ може да доведе до нова војна на Балканот

Слободен печат

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови и реагенски за ковид 19

Слободен печат

Заев и Спасовски на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаа Светиот месец Рамазан

Слободен печат

Владата напладне ќе ја одржи редовната 65-та седница

Слободен печат

Вики Димчевска, агент за недвижности, револтирано: Самопрогласени агенти го уриваат угледот и долгогодишното работење на вистинските и професионални агенции

Ана Анастасовска

Зариф во писмо до Гутереш: Инцидентот во Натанц е нуклеарен тероризам

Слободен печат

Остави Коментар