Заев од Женева: ЕУ испрати сигнал дека за регионот нема друга алтернатива

ЕУ испрати сигнал дека за регионот нема друга алтернатива освен интеграцијата во Унијата. Процесите мора да продолжат бидејќи постои можност за развој на национализмот, популизмот и радикализмот, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев по лидерскиот состанок за Западен Балкан, што се одржува во Женева во организација на Светскиот економски форум.

Премиерот Заев оцени дека е добро тоа што Хрватска ќе претседава со ЕУ од јануари 2020 година, бидејќи ќе биде фокусирана кон регионот и изрази надеж дека на Самитот во Загреб ќе има позитивна одлука и за Македонија и за Албанија и за целиот регион, соопшти владината прес-служба.

Претседателот на Владата на прес-конференцијата посочи дека за нашата држава, не станува збор само за тоа дека е земја кандидатка 14 години, туку го развива успешно мултиетничкото општество преку концептот Едно општество за сите, направи реформи, договори со Бугарија и Грција и од авторитарен режим ја обнови демократијата. Направивме толку многу.

Прочитајте и...  Едно лице од Здравствен инспекторат позитивно на Ковид-19

Претставниците на Светскиот економски форум се согласија дека политичките можности се важни, како и дека постои поврзаност на политичката соработка со социјалната и економската соработка. Посочено е на тоа што е разговарано на денешниот состанок, за важноста од новите технологии и компетитивноста коишто можат да го движат економскиот раст и да отвораат работни места.

Оценето е дека денес за економскиот раст работите се во позитивен правец и дека секоја од државите има преземено реформски чекори за инклузивен раст и поголема регионална интеграција. Констатирано е дека ова има многу можности, што ги отвора четвртата индустриска револуција, како и дека во соработка меѓу Светскиот економски форум и земјите од Западен Балкан ќе биде лансиран регионалниот акцелератор за претприемништво и ќе се воспостави регионален совет за компетитивност.

Прочитајте и...  Во протестите во САД, новинарите станаа цел на полицијата (ВИДЕО)

На прес-конференцијата, секој од лидерите на земјите од Западен Балкан изрази благодарност за продуктивноста и можноста за отворената дебата од Светскиот економски форум за економскиот развој на регионот како и за политичките перспективи, коишто сите лидери, ги гледаат во европските интеграции, се додава во соопштението на владината прес-служба.

Прочитај повеќе

Во Хонгконг забранети комеморации за загинатите на Тјенанмен

Една медицинска сестра од Дигестивна хирургија има Ковид 19, 17 колеги се во изолација

Четири и пол милиони Французи биле заразени од Ковид-19

МИА Агенција

Оливер Спасовски е негативен на тестот за ковид-19, но останува во домашна изолација

Слободен печат

Повеќето од новозаболените се од познати кластери и со лесна клиничка слика

Слободен печат

Јовановски: Пред вас е идниот лидер на оваа земја, ова лажно Луј Витон обвинение е засновано само врз изјавата на Камчев

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Османи: Колективните мерки не дадоа резултат, личната свест е единствен начин да се заштитиме

Слободен печат

УЈП: Работодавачите до 7. јуни да поднесат барања за поддршка за мајската плата

Слободен печат

Филипче: За отворање градинките и границите ќе се разговара наскоро (ВИДЕО)

Горан Наумовски

„Гласен текстилец”: Конфекциите во Штип да ги пуштат вработените на одмор

Слободен печат

Убиен демонстрант за време на протестите во Лујсвил поради смртта на Џорџ Флојд

Слободен печат

Вучиќ – Борисов: Изградбата на гасоводот Балкански поток е од суштинско значење за двете земји

Слободен печат