Заев од Велес: Потребен е целосен ветинг во судството

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Потребен е целосен ветинг во судството, порача премиерот Зоран Заев, на денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Велес.

– Создадовме амбиент соодветен, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна  именка пред 2 години. Но, слободата, не дозволува да застаруваа предметите ниту да нема одговорност – изјави Заев.

– Баравме целосен реизбор во судството, не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара а сме немале ресусрс од каде да надоместиме тој дел од праводуството. Еве овде од велес кажувам тоа што веќе беше јавно објавено: целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството – рече Заев.

Тој додаде дека горчината кај граѓаните е голема и тие со право реагираат и порача дека никој нема да се спаси од одговорност.

– Целата вистина ќе ја дознаеме и на крај сите ќе си одговараат. Никола Груевски е главата на криминалните дела, тоа треба да го докаже судот. Ако народот прави притисок на министрите, на сите, треба и судството да работи. Мора да си ја средиме државата – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот