Заев од Струга: Да останеме на вистинскиот пат, режимот веќе никогаш нема да се врати

Да останеме на вистинскиот пат. Докажавме дека можеме, а можеме уште повеќе и уште подобро. Не само што ги исполнивме целите, туку изградивме и пријателство. Денеска сме членка на НАТО и држава со одлука за почеток на преговорите, а 25 години чекавме членство во Алијансата и 15 години сме земја кандидат за ЕУ, рече вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев.

На граѓанската трибина во Струга, Заев потенцира дека сите фронтови пред нас се отворени и сите мегдани ни се на дофат, а враќањето на режимот нема да се случи никогаш повторно.

Изминативе 2,5 години, рече Заев, се носеа храбри одлуки, без да се калкулира за личниот и партискиот рејтинг.

-Денеска имаме земја признаена од целиот свет. Не сме северна Тунгузија, туку Северна Македонија. Имаме имотен лист, имаме лична карта во Обединетите нации. Денес ја имаме исполнето целта, мисијата, аманетот од нашите предци – да имаме земја која е комплетно заштиена, и од нас самите и од НАТО. Може да си прават бајрам со паметот некои за парчосување на татковината, истакна Заев.

Прочитајте и...  Прв грчки брз антигенски тест за Ковид-19

Осврнувајќи се на симболиката на буквата „с”, почетната од името на Струга, Заев рече дека тоа значи старт на преговори со ЕУ, сигурност на државата и на економскиот раст, слобода, среќни, ситуирани граѓани, но и славење на победата на 15 јули.

На трибината на која присуствуваа и носителката на листата во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска, како и кандидатот за пратеник од Струга, Јован Митрески, прв зборуваше претседателот на ПЕИ, Фијат Цановски.

Караванот на коалицијата „Можеме” вечерва, од 20:30 часот, одржува трибина и во Берово. Таму политичката програмата ќе ја претставуваат генералниот секретар на СДСМ и носител на листа во Изборната единица 3 Љупчо Николовски, како и носителката на листа во ИЕ 3, Јагода Шахпаска.

Прочитајте и...  СЗО: Пандемијата на коронавирусот може да предизвика дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија

Поврзани вести

СДСМ: Мицкоски се крие зад соопштенија за да не одговори со кои странски центри соработува

Слободен печат

Кина со санкции за американските функционери поради мешање во внатрешните работи на Хонг Конг

И.И.

ЗНМ: Медицинските работници не смеат да го ограничат пристапот на новинарите

Слободен печат

Почна пријавувањето за гласање во Штип за болните и изнемоштени лица

Слободен печат

Следното рочиште за „Титаник“ е на 7 декември

Слободен печат

Подгорица ја поздравува одлуката на Белград, но не се откажува од протерување на српскиот амбасадор од Црна Гора

И.И.

Остави Коментар

MacedonianAlbanian