Заев: Од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Премиерот Зоран Заев вечерва на својот фејсбук профил го поздрави усвојувањето на Законот за минимална плата од страна на пратениците.

„Честитки до сите работници и работнички! Законот за минимална плата е изгласан во Собранието.
Уште од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. Секој граѓанин заслужува да има пристоен живот, затоа минималната плата од 9.500 денари на почетокот на мандатот, ја зголемивме на 14.500 денари“, напиша Заев.

Премиерот Заев најавува дека ќе продолжи да се залага за подобар животен стандард на граѓаните.

„Го подобруваме животниот стандард на граѓаните и продолжуваме да се бориме Северна Македонија да стане поубаво место за сите“, напиша Заев на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот