Заев од Кочани: Со државни пари купуваа теписи за Белата палата која им е поголема од Инфективната клиника

Зоран Заев/трибина/ Фото: МИА

-Ние нема да инвестираме во спомениците и жалните врби, со одобренија по пропис градиме инфраструктурни проекти, а ќе се подобри квалитетот на животот. Само добро организирани општини носат добар живот. И додека инвестираме во иднината, Христијан Мицкоски и нивните кандидати сакаат да не вратат назад, но ние тргнавме напред и запирање нема, рече претседателот на СДСМ и премиер на Северна Македонија, Зоран Заев на трибината во Кочани.

-Слушнав дека и Мицкоси бил тука, кажал неколку збора и заминал, рекол дека сме газеле по црвени килими и сме седеле на фотелјите, ама на нив седел Груевски, а на истите седел и неговиот советник Мицкоски, а тие не се поразлични од оние во Белата палата која е поголема од Инфективната клиника, со милионски суми државни пари набавувале и за владата, па и за во платата. Истите тие кои блокираат закони, плати, отписи на камати за долговите, клинички центар, се што е во интерес на граѓаните Мицко кочи, рече Заев.

-Одговорна. Чесна и посветена работа на општините, дека застануваме зад секој граѓанин и секоја општина покажавме со реализирани 7.000 проекти секаде, македонскиот Исток веќе не е слепо црево одлично е поврзан со Скопје и другите места. Сите главни артерии во овј дел на државата се модерни со подобраи побезбеден сообраќај, рече Заев.

Тој додаде дека општината досега изградила нова детска градинка и центар за ран детски развој, и затоа општина Кочани е најуспешна општина во земјава.

-На овие избори СДСМ и коалицијата во следните четири години ќе реализираме многу проекти, нов булевар, мост на Кочанска река, спортска сала, изградба на дома за стари и изнемоштени лица, државата е тука да застане зад граѓаните и општините, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот