Заев од Градско: Не трошиме на камен и бронза, туку градиме патишта, училишта и градинки

Зоран Заев / Фото: Скриншот

Ќе се продолжи динамиката на реализација на проектите кои значат подобар и поквалитетен живот за граѓаните, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев при денешната посета на Општина Градско.

Заев во обраќањето пред жителите на Градско потенцираше дека денес не се трошат парите на граѓаните на камен и бронза, туку на градинки и училишта.

-Периодот којшто беше позади нас не е период од некои 100 години или 200 години. Паралели можеме да влечеме што се случи овие 4 години и што се случи пред 4 години. И само ќе кажам: Не ги трошевме народните пари во камен и во бронза. Ги трошевме во надградување на детската градинка во Градско во реконструкцијата на патот Велес – Градско. Еве се гради Градско – Дреново за да го поврземе Градско уште подобро со сите останати региони. Инвестираме во нешто што живот значи за граѓаните. Инвестиравме заедно општината со свои средства, а тие се мали средства. Руралните општини немаат големи буџети, заедно и со централната власт решивме многу проблеми на граѓаните. 30-тина улици се реализирани во една мала општина како што е Градско, рече Заев.

Тој ги повика жителите на Градско да дадат поддршка на изборите и да го изберат најдоброто.
-Најдобро за Градско е Роберт Бешовски, рече Заев посочувајќи дека треба да му се даде можност да го заокружи започнатото.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот