Заев: Очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ

Македонија Албанија ЕУ Западен Балкан
Знамињата на Северна Македонија, Албанија и ЕУ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од самитот ЕУ – Западен Балкан очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската унија и дека за тоа е подготвена Унијата, согласно сите чекори кои треба да ги направи секоја земја соодветно, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по заедничката прес-конференција со министерот за животна средина Насер Нуредини.

Очекувањето за нас, нагласи Заев, е дека ЕУ преку лидерите во Европскиот совет ќе испратат силна и мотивирачка порака за продолжување на максимален фокус на ЕУ кон интеграциите на Западен Балкан во ЕУ.

Во однос на оптимизмот во преговорите со Софија, Заев, рече дека имаме позитивно придвижување во разговорите меѓу претставниците на МВР и дека се надева периодот октомври, ноември и декември да биде максимално искористен за работа и посветеност за изнаоѓање решение.

– Се работи за патоказот, кој што треба да биде, нешто што ќе значи преземање обврска од двете страни за унапредување на ефикасноста во соработката согласно Договорот за добрососедство. Вториот аспект е дека во декември на Советот на министри на ЕУ се носи одлуката, а до тогаш ќе имаме завршено избори и во Северна Македонија и во Бугарија. Трето е, драфтираната верзија која се подготвува на Самитот ЕУ-Западен Балкан за сериозната фокусираност и посветеност на ЕУ за продолжување на процесот за евро-интеграциите на Западен Балкан, изјави Заев,.

Ова прашање, нагласи Заев, е пречката за продолжување на севкупниот процес на евро-интеграции на Западен Балкан, имајќи во предвид дека е поврзано со Северна Македонија и Албанија, а што предизвикува демотивирање и во Србија и Црна Гора, како и Косово и Босна и Херцеговина.

Извор: МИА

Димитров до Захариева: Нема ниту еден приговор за дискриминација по бугарска етничка основа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот