Заев: Очекувам банките да ги намалат каматите на кредитите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Пред владата постои можноста да донесе Уредба и да им наложи на банките, главницата и каматата да ја одложат најмалку три месеци, но граѓаните треба да знаат дека банките кредитите ги даваат од штедните влогови на други граѓани и дека за тие штедни влогови исплаќаат камати, истакна претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.
-Ако не исплаќаат камати, граѓаните ќе ги повлечат штедните влогови и ќе се сруши банкарскиот систем. Затоа им е оставено на банките да одлучуваат и секаде и во Србија, Хрватска, Црна Гора, каматите се пресметуваат додека трае одлагањето. Ние бараме таквата камата да биде намалена. Јавно кажувам дека Владата се обрати до банките со вакво барање, затоа што Народната банка ја намали задолжителната резерва која беше трошок за банките и сега банките имаат помал трошок и тој помал трошок да го распоредат и кон клиентите- рече Заев.
Јас лично, но и Владата очекуваме банките да ги намалат каматите за тие три месеци додека се одложени кредитите. Имаат простор каматите да ги намалат за онолку колку што им е намален трошокот, заклучи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот