Заев: Очекувам 600 илјади вакцинирани граѓани до септември за децата да тргнат во школо

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во петок пристигнуваат 100 илјади вакцини на „Фајзер“, откри премиерот Зоран Заев во интервјуто за емисијата „Топ тема“. Тој додаде дека викендов со два чартер лета пристигнуваат и по 250 илјади вакцини од Кина.

– Испораките на вакцините кон нас се одвиваат како и кон сите земји. Единствено во регионот Србија успеа да набави повеќе, а им благодариме и што успеаја и нас да ни помогнат. Но доаѓа период кога почнеме да молиме за да се вакцинираат луѓето и ние ќе покренеме кампањи, истакна Заев.

Тој додаде сериозен таргет на властите е до 20 јули со две дози за бидат вакцинирани до 500 илјади граѓани.

– Верувам дека и таргетите до први септември ќе ги исполниме за децата да можат да тргнат во школо, односно да имаме вакцинирано 600 илјади граѓани, заклучи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот