Заев очекува од Мицкоски и Касами да го поддржат Предлог законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев очекува дека првите луѓе на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА, Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе излезат со заеднички став од денешната средба што се одржуваше паралелно со неговата прес-конференција во Владата и оти ќе го поддржат новиот Предлог-закон за Јавно обвинителство.

-Веројатно ќе излезат со заеднички став дека е сега време да застанеме и да поддржиме нешто за кое и опозицијата се залага, вели Заев.

Заев на прес-конференција во Владата, појасни дека со законското решение се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое ќе добие назив Јавно обвинителство за гонењ организиран криминал и висока корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот