Заев: Објавивме се што знаевме за случајот со Мартин Нешковски – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев: Објавивме се што знаевме за случајот со Мартин Нешковски

Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.

– Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така што автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа, одговори премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во посета на локалитетот Стоби.

Екс премиерот Никола Груевски денеска преку Фејсбук остро го нападна премиерот Зоран Заев нарекувајќи го „нечовек, монструм и инфериорен“. Неговиот статус беше поттикнат од последната „бомба“ на Ел Чека за убиството на Мартин Нешковски каде е објавен целиот разговор меѓу Груевски и Јанкулоска, по што профилот на Ел Чека беше избришан од Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close