Заев објави факти за платите и работните места

Премиерот на Владата, Зоран Заев на својот официјален Фејсбук профил објави факти за платите и работните места кои се пополнети во изминативе две и  пол години.

Премиерот на Фејсбук напиша дека се отворени 54 илјади работни места, од кои најмногу се пополнети со млади луѓе.

Факти за платите и работните места:
 Досега се отворени повеќе од 54.000 работни места, од кои најмногу се пополнети со млади луѓе.
 Вкупната бројка на вработени во државата била 728.000, а сега 782.000 граѓани.
 Просечната плата од 30.000 ја имаме ветено за мандат од 4 години. Во моментов, после 2 години и 5 месеци, ние имаме просечна плата од 25.127 денари.
 Младинската гаранција функционира и дава резултати. Преку неа се вработуваат многу млади луѓе, имаат можност за тренинг, доедукација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот