Заев низ солзи за д-р Трајче: Даваше сѐ од себе во борбата против коронавирусот (ФОТО+ВИДЕО)

Денеска, на комеморативна седница, оддадовме почит за прерано починатиот другар Трајче Нешковски и изразивме сочувство до семејството и блиските пријатели, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Со прераната смрт на Трајче, СДСМ загуби чесен, професионален, искрен член и борец со визија, со храброст и решителност. Неговиот ангажман како секретар на СДММ, а потоа и како истакнат член на СДСМ е пример за тоа како млад човек може да се вгради во борбата за подобро утре, за промени во оштеството, за слобода, демократија. Сегашните и идни членови на СДММ и СДСМ, имаат вистински модел за тоа- стои во објавата на премиерот.

Загубата на Нешковски не е само загуба за неговото семејство, пријателите, младите, не е само загуба за СДСМ, напиша Заев, тоа е загуба и нашата држава, за нашето македонско здравство.

-Трајче даваше сѐ од себе во борбата против коронавирусот, даваше сѐ од себе да им помогне на оние кои имаа потреба од помош. Во овие моменти на силна болка, да најдеме утеха во големината на Трајче, во вредностите што ги остави зад себе. И како човек и како доктор и како член на СДСМ.
Јас, но и сите кои го познаваа Трајче засекогаш ќе го носиме во нашите срца, во нашите мисли- напиша премиерот.

Денеска, на комеморативна седница, оддадовме почит за прерано починатиот другар Трајче Нешковски и изразивме сочувство…

Publiée par Zoran Zaev sur Samedi 17 octobre 2020

Kомеморативна седница се одржа денеска во Гостивар на која му се оддаде почит на д-р Трајче Нешковски (32), кој почина пред три дена, откако добил срцев удар, по што изгубил контрола на возилото и со него удрил во дрво.

СДСМ загуби голем човек, борец, другар, млад доктор кој даваше се’ од себе за граѓаните, за татковината и подобро утре за сите граѓани.
-Неговите дела, неговата искрена верба во идеалите за подобра иднина, остануваат како трајни вредности за сегашните и идните генерации- стои во објавата на Социјалдемократскиот сојуз.

Денеска на комеморативна седница беше оддадена почит на ликот и делото на прерано починатиот другар Трајче Нешковски,…

Publiée par СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија sur Samedi 17 octobre 2020

Почина поранешниот секретар на СДММ, докторот Трајче Нешковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот