Заев: Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме

За време на посетата на Атина, со премиерот Мицотакис, разговаравме за аспектите на Договорот од Преспа, за двата гранични премини што треба да се отворат меѓу двете земји и најмногу за економијата, истакна премиерот Зоран Заев, вечерва во интервју за Канал 5.

Посочи дека, 90 проценти од времето зборувале за двата гранични премини што треба да се отворат.

– Грција има добиено грант од ЕУ за преминот Маркова нога – Лемос, да го отворат. Реферираа и за активностите на граничниот премин кај Кавадарци, кој е особено важен за Грција, бидејќи таму имаат зимски центар, рече Заев.

Но, најмногу зборуваме за економијата, истакна Заев, додавајќи дека во октовмри ќе се потпишат договорите за избегнување на двојно оданочување и за заштита на инвестициите, што ќе привлече поголеми вложувања.

Прочитајте и...  „Ју-Ес-Еј Тудеј“ јавно го поддржа Џо Бајден за претседател на САД: Не гласајте за Трамп, не е соодветен за позицијата

– Грција понуди помош за дигитализацијата, што е еден од најголемите успеси на владата на премиерот Мицотакис. Интерес е на секоја земја да гради пријателства, ние сме помала земја, изјави Заев.

За време на разговорот, посочи Заев, кажавме дека се уште има табли во македонскиот регион на Грција или како што велат тие грчка Македонија, каде се уште стои ФИРОМ.

– Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме. Овде, ние имаме обврска да го смениме името на археолошкиот музеј, каде треба да стои Археолошки музеј на Северна Македонија, и тука такви работи треба да дозавршиме, рече Заев.

Посочи дека кавга и непријателство може да се направи во секое време, но тешко е да се прави пријателство и да се одржува тоа пријателство.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев и директорката на Институтот Јованова-Грујовска на научната конференција за македонскиот јазик

Поврзани вести

Инцидент во Србија: Фрлена бомба врз полициска станица во Србобран, нема повредени

Слободен печат

ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Слободен печат

Брнабиќ со застрашувачка вест за Србија: Само вечерва имаме 400 заболени со ковид-19

Слободен печат

Видео: Енормно високи бројки на заразени во Франција

Слободен печат

Поради „постојана кашлица“: Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија

Слободен печат

Бугарски медиуми: Претседателот Радев во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар