Заев: Ние ја внесовме земјата во НАТО, а Мицкоски не смогна сила ниту да ракоплеска

Заев истакна дека од самостојноста сме определени за ЕУ и НАТО, но оваа влада на СДСМ имаше храброст, мудрост да се изнајдат решенија да ја доведат земјата да ја исполни својата страртешка цел

-Имам разбирање за голото политиканство и дека целите на Мицкоски не се интерес на државата и на сите граѓани и затоа цело време блокираат, бојкотираат, за на крајот да гласаат за ратификација за протоколот за  НАТО нагласи претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Но, можам да замерам дека кога цела Северна Македонија апладауираше, целиот народ го поздрави членството во НАТО, аплаудираше, Мицкоски не можеше да смогме сили и да ракоплеска за тој свечен историски чин за исполнување на нашата стратешка цел, по ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, му порача Заев на Мицкоски, додавајќи дека  граѓаните ја препознаваат циничноста на Мицкоски и таков ќе биде резултат на изборите.
-Иницирав јас од партиска говорница да го ратификуваме Договорот за влез во НАТО предвреме и тоа така се случи, се изгласа пред распуштање на Собранието. А реалноста која мора да ја живееме е резултат на капитулантскиот договор со Грција на Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев истакна дека од самостојноста сме определени за ЕУ и НАТО, но оваа влада на СДСМ имаше храброст, мудрост да се изнајдат решенија да ја доведат земјата да ја исполни својата страртешка цел.
-Не беше далечна 2001. Кога мајки губеа свои деца, а сега членот 5 од договорот на НАТО ја гарантира безбедноста, стабилнсота, трајниот мир. НАТО тоа значи прогрес, повисок стандард, повеќе инвестиции, владеење на правото, истакна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот