Заев: Нема да има предвремени избори, „метлата“ ќе збрише неколку министри и 20 директори (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев по Централниот одбор на партијата во Охрид, изјави дека ќе има реконструкција на Владата, а нема да има предвремени избори.

Тој истакна дека промените треба да завршат, а Владата со целиот свој капацитет да ги реализира реформите. Заев исто така додаде дека промените ќе ги почувствуваат неколку министри и околу 20 директори во државава.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во изјавата за медиумите појасни дека политиката на градење перцепција пред јавноста биле заради заокружување, бетонирање на извесната евроинтеграциска иднина на земјата.

Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето членство во НАТО, втората цел е конечно после 15 години да добиеме датум за почнување на преговорите за членство во ЕУ. Уверувањата ги добивме од земјите-членки, Европскиот совет ќе донесе заклучок, ќе има изјави на 20-21 јуни, а секако Бундестагот ќе ја направи верификацијата за извештајот во септември, и конечно добивањето на датумот ќе следи во октомври, рече лидерот на СДСМ.

Тој истакна дека доколку пролонгирањето на извештајот и самиот датум за преговори е заради констелацијата поради изборите за Европарламентот и доколку тоа е причината за пролонгирањето за одлуката за датум за преговори, важно е конечно да биде донесена одлуката, па нека биде и во октомври.

– Два или три месеци не се толку важни. Драго ми е што и Бундестагот преку пратениците тоа го потврди. Сето тоа не става во позиција да го скратиме времето на кои било политички промени и да донесеме одлука која што е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат проимените и Владата да продолжи со целиот капацитет и да се посвети на реформите, но и на економските перспективи како приоритет за оваа година, истакна Заев.

Во живо: Изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.- Седница на централен одбор на СДСМ.Охрид, 16.06.2019

Publiée par СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија sur Dimanche 16 juin 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот