Заев нема да го разреши Рашковски - Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев нема да го разреши Рашковски

Како што изјави Заев, не гледал ароганција кај Рашковски, „кога човекот јавно се извини, се извини до небо, тоа не е ароганција“. 

Премиерот Зоран Заев нема намера да го разреши генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Како што изјави Заев, не гледал ароганција кај Рашковски, „кога човекот јавно се извини, се извини до небо, тоа не е ароганција“.

– Се работи за тендер кој е завршен во 2016 година и некој не сакал да го потпише, за тоа ќе има истрага и кривични. Рашковски имал апсолутно право да ги забрзува постапките. Секој кој е арогантен треба да понесе одговорност, но и да објасни. Не може некого да правите салата, тој има право да го заштити својот дигнитет. Не може некој да биде боксерска вреќа. Секој има право на човечко достоинство и право да го заштити своето достоинство – одговори Заев на новинарско прашање на денешното отварање на Контролен центар за патарини и патишта.

Тој нагласи дека Владата нема никого да тужи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close