Заев: Не треба постојано да одиме на избори, така правиме штета

Премиерот Зоран Заев е убеден дека граѓаните на 5 мај ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател на државата. Но, ако тоа не се случи и ако противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова има макар еден глас повеќе, тој е подготвен веднаш да организира спроведување предвремени парламентарни избори.

Како што рече Заев во вечерашното гостување на „24 Отворено”, и цензус сигурно ќе има. Доколку нема, можни опции се повторно организирање избори или промена на Уставот за избор на претседател во Парламентот.

-Немаме такви одлуки, ниту размислуваме во тој правец зашто веруваме дека граѓаните ќе изберат претседател на државата, потенцира премиерот.

На прашањето дали ќе понесе политичка одговорност ако Пендаровски не ја добие поддршката, Заев рече дека одговорноста ја гледа токму во организирањето предвремени парламентарни избори веднаш по претседателските иако лично смета, како што објасни, дека тоа не е добро и ги кочи севкупните процеси во државата.

-Не треба постојано да одиме на избори зашто и правиме штета на државата. Добро е да оставиме цел мандат, да не се кочи планирањето и напредокот на земјата, рече Заев.

Тој најави и дека веднаш по изборите ќе направи владина реконструкција во која ќе бидат заменети неколку министри. Не сакаше конкретно да посочи кои министри ќе бидат сменети, но рече дека реконструкцијата ќе опфати министри и од СДСМ и од ДУИ.

-Никој нема да биде поштеден во реконструкцијата на владата, рече Заев, потенцирајќи дека тој веќе има предвид кој министри ќе бидат ставени под лупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот