Заев: Не сум за во пензија, имам уште многу да сработам за мојата земја, барам чист мандат

Премиерот Зоран Заев, во вечерашното интервју на Македонската телевизија, зборуваше за сегашните, но и за идните предизвици во неговата политичка кариера.

Заев истакна дека е „млад и дека има уште многу да сработи за доброто на граѓаните и државата“.

– Млад човек сум, не сум за во пензија. Владееја 12 години безмалку, пред 2.5 год. добив чест… и тоа како можам многу да сработам за мојата, за нашата, за заедничката земја која што е и на Мицкоски. Ќе се потрудам да останам и да ја вршам честа и одговорноста која што ми даваат граѓаните на еден чист мандат, на решени меѓународни проблеми, на интегрирана земја, да покажам што навистина е економија – рече Заев во вечерашното интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот