Заев не размислува за оставка: Мицкоски да дојде, премиер да биде?

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

– Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Сѐ додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алетрнатива е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, истакна Заев по посетаста на новата фабрика за кабли во Сарај.

Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави.

– Трагедијата нѐ погоди сите и ќе ја памтиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи, нагласи премиерот.

Тој уште еднаш рече дека сите покажале чувство на одговорност, доаѓајќи веднаш на местото на несреќата за да помогнат некако. Злоупотребувањето на болката низ која минува цел народ, рече Заев, е чисто политиканство.

Извор: МИА

Заев: Никој не е венчан за функцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот