Заев: Не ме интересира кој пукаше во Чаир, секој да си одговара

Зоран Заев / Фото: Скриншот

Министерството за внатрешни работи постапува по случајот каде на отворање на изборен штаб на ДУИ во Чаир, беше пукано во воздух од огнено оружје, потврди денеска премиерот Зоран Заев, наведувајќи дека од МВР го информирале дека работат на случајот.

– Без разлика за кого се работи ова е недозволиво. Не знам која била намерата, ако некој мисли дека така привлекува гласови се лаже. Тоа одвраќа гласови. Демонстрацијата на сила, мускули и не знам што, па и пукање во воздух е навистина недолично за земја аспирант за членство во ЕУ и на крај не е прагматично добро. Јас јавно му кажав и на министерот за внатрешни работи да се постапува по сите случаи, не ме интересира кој е, секој да си одговара, поради тоа што ова не смее да се повтори, изјави премиерот Заев.

Настанот се случил на 27 септември во Чаир, во време кога пред симпатизерите на партијата говор држел пратеникот Изет Меџити. На овој настан исто така присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и други кандидати од листата на советници на ДУИ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот