Заев: Не ја предложив Рускоска за шеф на новото обвинителство

Не ја предложив Вилма Рускоска за шеф на новото обвинителство, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев.

– Не ја предложив Вилма Рускоска за шеф, само кажав кој сега раководи со обвинителството – рече Заев во одговор на новинарско прашање.

Тој објасни дека има процес и процедура, односно дека изборот се прави на конкурс преку Советот на обвинители. Заев повтори дека со предлог-законот за ЈО е прифатено решението што го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, Специјалното јавно обвинителство да се стави под Основното јавно обивнителство.

-Овие денови ќе се отвори дебата да и учиниме да државата да и помогнеме и да го тргнеме ова прашање од дневниот ред. Законот треба навремено да го донесеме ако ја сакаме државата на  патот во евроинтегрции – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот