Заев не го коментира Црвенковски: Секој договор може да донесе нешто добро

Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

По вчерашниот говор на поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во кој тој изнесе критики на сметка на Преспанскиот и на Договорот за добрососедство со Бугарија, оценувајќи дека тие не се добри и оти „не само што не ги решиле прашањата, туку ја отвориле Пандорината кутија“, премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да коментира и рече дека секој си има право на свое гледање на работите.

– Не сакам да навлегувам дополнително во коментари, си има тој свое гледање, јас моето гледиште, секој ден го соопштувам. Верувам дека „договор куќа гради“, дека секој договор може да донесе добро, нешто што е европско, и дека низ дијалог треба да се помине процесот, изјави Заев.

Црвенковски, во својот говор во МАНУ полн со критики кон актуелната власт, меѓу другото рече дека „Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање“.

– Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен, рече поранешниот претседател, на чијшшто говор реагираше владејачкиот СДСМ, со оценка дека е „нечесно претседатели од транзицијата и режимот да зборуваат за криминал и корупција“.

Заев: Идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, има позитивни сигнали за тоа од Софија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот