Заев: Не беше лесно, 15 години како кандидати чекаме датум за преговори, конечно се оствари таа наша желба

Тој нагласи дека сега како држава имаме можност Европа да ја донесеме дома, тука во Скопје, во Република Северна Македонија.

Јас сум многу среќен и треба и граѓаните да бидат среќни од тоа што ги почнуваме преговорите со Европската унија. Не беше лесно 15 години како кандидати чекаме датум за преговори, конечно се оствари таа наша желба. Во иста недела  двете наши стратешки цели ги остваривме, дури и правно формално.  На народот и во тешки моменти  му се случи радост. Овие две стратешки цели значат стабилност, траен  мир, инвестиции, виски плати, нови работни места,економски  стандарди, европски вредности, кои за нас значат подобар живот за сите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во денешното гостување Дневникот на Националниот телевизиски сервис

Тој нагласи дека сега како држава имаме можност Европа да ја донесеме дома, тука во Скопје, во Република Северна Македонија.

-Државата подолго време се  подготвува, ќе ги искористиме сите капацитети за да создадеме добри преговарачки тимов,  за да можеме да совладуваме повеќе поглавја, во пократок временски период, додаде Заев.

Тој е убеден дека, доколку граѓаните одлучат да дадат поддршка на СДСМ,  за четири години ќе бидат отворени 80 посто од поглавјата, а голем дел од тоа дека ќе биде и затворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот