Заев: Навремено го информирав Груевски за „бомбите“, но тој не веруваше

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

За „бомбите” дека ги поседуваме како инфо споделив со Груевски и ОЈО, а соопштив и во јавноста, истакна премиерот Заев на денешното рочиште во Кривичен за предметот со кодно име „Таргет и Тврдина“.

– Груевски тогаш се шегуваше дека ние немало шанси тоа да го поседуваме, па одлучи тој да тргне во постапки за апсење на сите можни иматели на “бомбите”, па одлучив да ги споделам со јавноста. Со Груевски за “бомбите” имавме четири состаноци во неговиот кабинет. На тие средби му предочив наративно за неколку разговори за да докажам дека СДСМ навистина поседува такви докази. Тоа беа содржина на негови разговори. Меѓу нив беше и како тој тајно купува имот на Водно. Тој побара доказ, но јас не му дадов транскрипт или аудио материјал – изјави Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот